КОЈ Е РАФ КАМОРА И ШТО ГО ПОВРЗУВА СО ШАБАН ШАУЛИЌ?

ИЗВОРnovlist.mk
|

Една од најпознатите балкански раперки Сенидах, сними дует во соработка со најпопуларниот европски рапер Раф Камора.

Сенидах и австрискиот рапер со дуетската песна 100%, брзо се пробија на самиот врв на Јутјуб трендинг листата во регионот, а и пошироко.
Само четири дена по излегувањето на спотот за песната на Јутјуб, ја послушале повеќе од седум милиони луѓе. Песната го освоила Балканот, но и дијаспората, па затоа е прва на трендинг листата во Србија, Хрватска, Босна и Словенија, додека пак во Австрија, Црна Гора, Швајцарија и Македонија е втора по популарност.

Иначе, Rafael Raguči познат како РАФ Камора е австријски рапер и продуцент кој создава и работи на Германски, Австриски и Швајцарски пазар. После дуетската песна “Nema bolje” , која ја сними во соработка со познатата двојка, босански рапери Jala Brat i Buba Correli, неговата популарност се рашири и на балканот.

Раф е роден во Швајцарија, а на само 15 години побегнал од својата куќа и година ипол поминал на улиците во Виена каде и ја започнал својата кариера. После неколку обиди и соработки, во 2009 година го издава својот прв албум, а само 4 години подоцна отвара и своја издавачка куќа.

Камора никогаш не криел колку го сака Балканот и балканската музика, па дури и во неколку наврати признал дека починатиот Шабан Шаулиќ имал големо влијание на неговиот живот.
Љубовта спрема Шабан ја докажа и после неговиот погреб, кога му оддаде почит пред полна концертна хала.


Дуетската песна на Сенидах и РАФ Камора послушајте ја во продолжение: