Кој го уништува парковскиот инвентар на Водно? – им се „намерачиле” на дрвените клупи и маси

ИЗВОРСкопје24
|

Наместо место за одмор и рекреација Водно секој ден се повеќе личи на нешто сосема друго. Искршени маси и клупи. Тоа е она што викендов можеше да се забележи на средно Водно.

До кога? Зошто новие луѓе одат на Водно? Која им е целта? Што сметаат тие клупи, за да бидат целосно уништени? Зарем наредната недела нема повторно да сакате да дојдете на одмор на Водно? Каде ќе седнете?

Поставен контејнер, а лименки фрлени околу него…

Изминатиов период чуварските служби на ЈП „Паркови и зеленило“ на реонот во парк – шумата “Водно“ увиделе уништување на повеќе парковски елементи.

Како што се соопштува се почесто се среќаваат уништени и оштетени информативни табли, корпи за отпадоци, оштетувања на видиковци, парковски клупи и маси за посетителите, што говори за вандалско и несовесно однесување кон истите.

Посочуваат дека потребата и значењето на парковскиот инвентар и нивната намена за одмор и рекреација е се поголема, особено во градските средини, како составен дел од програмската содржина при посета на парк – шумите, парковите и урбаното зеленилото при што апелираат до посетителите совесно и одговорно да се однесуваат кон урбаната парковска опрема, како и кон природата.