Пред крајот на летото веќе започна снимањето на осмата сезона на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ кое се емитува на телевизија Сител.
Новина од оваа сезона е тоа што омилениот шеф марк нема да биде дел од тимот а на своите позиции веќе засфанаа водителката Сања Савеска и во тимот на доматите веќе препознатливиот шеф Никола.
Како што претходно беше објавено, на местото на Марк веќе има избрано нов шеф но до сега од продукцијата го криеја неговото лице и објавика мистериозна фотографија на која неговото лице е покриено со кеса од Брза кујна.
Работите се променија, па објавено е името и фотографијата на новиот готвач, па во редовниот и добро познат термин, секој работен ден во 17.00 часот на споменатата ТВ фреквенција, од оваа сезона на местото на Марк ќе биде шеф Бобан Симоновски кој ќе го предводи тимот на пиперките и со своите кулинарски вештини ќе му се спротистави на шеф Никола Мишковски од тимот на доматите.
Асистентите кои ќе бидат дел од оваа сезона ќе имаат можност да готват со едни од најдобрите готвачи во Македонија и регионот. Вистински професионалци, со богато искуство и познавање во кулинарство.
Шефовите, заедно со водителката Сања Савеска, секој работен ден ќе го направат уште позабавен и поинтересен, и ќе понудат многу нови и интересни рецепти кои ќе треба да ги подготват од само 6 намирници и тоа за само 20 минути.
Инаку, шеф Бобан Симоновски веќе е искусен пред камерите на „Брза кујна“ бидејќи во една од сезоните имаше епизоди кога се менуваа со шеф Никола и шеф Марк, а на нивно место беа Филип и Бобан.