Кој сѐ поднесе барање за амнестија до сега?

ИЗВОРТелма
|

Крсто Мукоски пратеникот што ги отвори собраниските врати на 27-ми април е еден од 5-мината обвинети кои во петокот поднеле лично барање за амнестија во кривичниот суд, потврдија за Телма судски извори.

Крсто Муковски


Меѓу оние кои поднеле барање се Никола Митревски-Кољо, кој неколку месеци беше во бегство, а на крвавиот четврток носеше фантомка, Оливер Радулов, кој е вработен во УБК и ги изнесувал хард дисковите со собраниските безбедносни снимки.
Барање за амнестија поднел и Младен Додевски. Претседателот на кривичниот суд Иван Џолев потврди само дека вкупно 5 барања биле доставени до кривичниот суд до крајот на работното време вчера.
Џолев не прецизираше кои лица побарале амнестија и во која фаза од постапка пред суд се обвинети. Адвокати на обвинетите Сашо Василевски и Александар Василевски- Нинџа потврдија дека нивните клиенти во понеделник ќе поднесат барања за амнестија.

Ќосето меѓу првите ќе бара амнестија

Горан Ангелов

Горан Ангелов Ќосето меѓу првите ќе поднесе барање за амнестија за настаните од 27-ми април. Истото ќе го стори и обвинетиот Иван Цветановски. Нивниот адвокат изјави дека сакаат да ја прифатат понудата за помирување.
Дел од обвинетите, како Јане Ченто и Игор Југ, веќе се изјаснија дека нема да поднесат барања за амнестија, а Александар Василевски-Нинџа и Душко Лазаров, се уште молчат. Нивниот адвокат не знае дали неговите клиенти ќе поднесат барања, а не е ниту сигурен дали законот ги опфаќа, од причина што е полн со нејаснотии и не нуди правни одговори.

Крајниот рок да се побара амнестија е вторник. Потоа во рок од 5 дена судот и обвинителството треба да се изјаснат дали го прифаќаат барањето за амнестија или ќе продолжи постапката против барателите.