Кој хороскопски знак е вашата сродна душа?

ИЗВОРНов Лист
|

Овен

Нa Овенот најмногу му одговараат Лав и Стрелец. Овните секогаш се спремни за авантури и токму тоа најдобро ќе ги поврзе со Лавови и Стрелци. Од друга страна пак, Вагата е сосема спротивен знак од Овенот, а останатите воздушни знаци го фрустрираат Овенот поради комуникативноста. Тој не сака многу да зборува.

Бик

На Бикот најмногу му одговараат Девица, Јарец и Вага. Бикот е отворен за убавина, има добар вкус и сака комфор. Најдобро ќе се сложува со земни знаци, како на пример Девица и Јарец. Вагата и Бикот, со кои владее Венера, се добра комбинација за исти интересни кон уметноста.

Близнаци

На Близнаците најмногу им одговараат Вага, Водолија и Лав. Близнаците многу си одговараат со Вага и Водолија, но исто така одлично се сложуваат и со Лавови. Само не со водени знаци, Риби, Скорпија и Рак бидејќи овие знаци се спремни да остварат подлабока физичка и емотивна врска.

Рак

Ракот најмногу си одговара со Риби, Скорпија и Рак. Кон Раковите треба да се однесувате со големо внимание. Тие се многу чувствителни и лесно се навредуваат. Многу други знаци се премногу груби за нивната нежна душа.

Лав

На Лавот најмногу му одговараат Овен и Стрелец. Лавот ужива во помислата дека сите го сакаат, но не секој може да се носи со неговата огнена природа. Добро би се сложувал со Овен и Стрелец.

Девица

Девицата најмногу си одговара со Јарец и Бик. Девиците не толерираат драма и љубовта ја покажуваат низ дела. Од партнерот го бараат истото. Огнените знаци можат да го зачинат животот на Девиците, но нивната непредвидливост и недостаток на внимание за одредени детали можат да предизвикаат нервоза кај Девиците.

Вага

Вагата најмногу си одговара со Близнаци и Водолија. Вагите се сложуваат со сите. Тие се исклучително прилагодливи. Овој друштвен знак ужива во друштвото на Близнаци и Водолии. Вагата сака паметен, сталожен и атрактивен партнер, така што емотивно нестабилните Ракови и Скорпии за нив претставуваат ризици. Огнените знаци Овен, Лав и Стрелец се добар извор на инспирација.

Скорпија

Скорпијата најмногу си одговара со Рак, Риби, Јарец и Бик. Скорпијата никогаш не е задоволна со површинската слика и секогаш се труди да загребе под површината. Скорпијата добро се согласува со водени знаци, како на пример Ракови и Риби.

Стрелец

Стрелецот најмногу си одговара со Овен, Лав и Близнаци. Стрелците ја сакаат слободата, а во тој чекор може да ги следи Овенот и Лавот. Стрелецот не може да поднесе партнер кој сака да го контролира, промени или поправи како што се скорпијата, Девицата или Јарецот.

Јарец

Јарецот најмногу си одговара со Бик, Девица и Рак. Јарецот добро се сложува со сите кои животот го сфаќаат сериозно и сакаат да напредуваат. Бикот е најдобар кандидат, но исто така може да биде и Девицата. Лавот го инспирира Јарецот да презема ризици, но истовремено и го плаши.

Водолија

Водолијатa најмногу си одговара со Вага, Близнаци, Овен, Стрелец и Лав. Водолијата не трпи ограничување ниту забрани. Најдобро функционира со партнери кои имаат отворен ум како на пример Вагите и Близнаците.

Риби

Рибите најмногу си одговараат со Рак и Скорпија. Потребата на Рибите за емотивна компатибилност значи дека ќе пронајдат сродна душа во Рак или Скорпија, водени знаци кои ги разбираат нивните емоционални потреби и лесно можат да ги исполнат.