Според сознанија на dosie.mk кои се дел од истрагата Пино бил намамен од девојката од скопската населба Ѓорче Петров, Ангела и вечерта кога исчезнал бил со неа. Во интерес на истрагата не се откриваат детали околу средбата.
Но, она што ја води истрагата до Арачиново е чудниот пат на движење на Пино. Како што брифираат извори на порталот, наводно Пино бил и до Тетово за што има доказ од камера на патарина со која е снимена неговата бела шкода. Потоа се враќа, но не влегува во Скопје туку преку обиколница оди кон Арачиново. Некаде кај Стајковци му исчезнува секаква трага. Тука се губи и сигналот од мобилниот телефон.
Осомничениот е од Арачиново. Девојката според првичната информација од обвинителстото е замешана во мамката во која влегол Пино. Таа според сознанија на dosie.mk е ќерка на возач , дете на разделени родители и проблематична девојка заглавена во незгодни друштва и пороци. На нејзниот профил до скоро можеле да се најдат проблематични слики. Била и на полиграф, но го поминала.
Истрагата допрва ќе го открива мотивот иако се плетат неколку верзии за кои засега нема ниту една официјална потврда.
Со ДНК анализа вчера е потврден идентитетот на момчето.