Која е Благица, првата и најголема љубов на Тоше Проески ?

ИЗВОРСкопје24
|

Да беше помеѓу нас, Тоше денеска ќе имаше 38 години. Иако ракометарката Андријана Будимир му беше последната девојка на Тоше Проески, таа сепак не била љубовта на неговиот живот. Љубовта на неговиот живот, со која телефонски се слушал до самиот крај, била Благица Мицова Ристовска, со која покојниот пејач започнал врска во 1998-ма година. Биле заедно до 2002-ра година, кога прекинале поради преголемата популарност која ја доживеа Тоше.

Врската ја обновиле после неговиот настап на Евровизија во 2004-та година, па повторно прекинале во 2006-та година. Сепак, пријателите на Тоше тврдат дека тие двајца се допишувале се до неговите последни денови на пејачот и дека на поранешната девојка постојано ѝ испраќал карти за концерт. Наводно во неговиот телефон сè уште стојат нејзините пораки.

Телохранителот на Тоше Проески во една прилика рекол дека постои една девојка која пејачот најмногу ја сакал, а која и денес сè уште оди на неговото вечно почивалиште и на која ѝ посветил најмногу песни. Сите во описот ја препознале Благица.

Благица пак никогаш не сакаше да зборува за нивната врска. Денес таа е во брак и е мајка на две деца.