Која е девојката од спотот за „Нешто ќе те питам бабо“ на „Некст Тајм“ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Стефан и Мартин Филиповски, братското дуо од македонската група „Некст тајм“ со уште една фантастична преработка ги разбудија најдлабоките чувства и емоции кај Македонците.

Спотот и песната на интернет каналот Јутјуб за само неколку дена добија илјадници прегледи, видеото се најде речиси на сечиј профил на социјалните мрежи, а коментарите не стивнуваат како во медиумите, така и кај публиката.

Кога е во прашање маестралната филмска изработка на спотот, браќата и овој пат го ангажираа Огнен Шапковски, но направија и одличен избор за главата протагонистка на приказната.

Во „Слушам кај шумат шумите“ таа улога и припадна на актерката Ана Стојановска, во „Ја излези Ѓурѓо“ пак, главна беше одбојкарката Власта Ружинковска.

Спортистка, актерка, а сега за „Нешто ќе те питам бабо“, главна е манекeнка.

Станува збор за Ивана Гелева која е доста позната на македонската модна сцена.

Таа е вистински моден камелеон, па речиси да нема дизајнер кој досега не ја ангажирал за ревија или фотосесија.

Преработката на народната песна „Нешто ќе те питам бабо“ за само 24 часа е прегледан од околу 300.000 луѓе што е апсолутен рекорд за македонски видео спот, а според платформата „youtube“ видеото е на место број еден од трендинг листата во Македонија.

Во интервју за Точка „Некст тајм“ ги откриваат локациите каде што е снимен спотот за нивната најнова преработка.

Спотот почна да се снима од јануари, февруари, имавме потешкотии со локациите затоа што е зима и работите не се баш така достапни. Цирипашина на Шар планина не е така едноставно да ја качиш во лето, не па во зима. Да донесеш 15 души екипа на врв на планина каде што времето е -30 речиси и дува ветер со 90 км на час.

Другите делови се снимаа во изградена просторија наменски за потребите на овој видео запис. Отворените сцени близу Свети Николе.

Ако се уште не сте ја виделе и чуле песната еве го линкот до видеото: