Која е девојката што му го украде срцето на Филип Кузмановски (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Филип Кузмановски е ракометар од кој се очекува во иднина да биде еден од лидерите на македонската репрезентација. Левиот бек во моментов настапува за битолски Еурофарм Работник, а од следната сезона ќе биде член на Магдебург во Бундес лигата.

Освен што е активен на спортско, битолчанецот е активен и на љубовно поле. Во последно време не пропушта шанса да ја покаже неговата девојка на социјалните мрежи. Станува збор за велешанката Моника Игнова, која патем е прва братучетка на неговиот соиграч од националниот тим, Дејан Манасков.

Игнова има 25 години, ги заврши додипломските студии на Правниот факултет во Скопје, а сега е на мастер студии на истиот факултет.

Црнокосата велешанка не пропушта ниту една можност да биде во друштво на саканиот, па редовно може да се види на трибините во салите низ Македонија, а одреден период беше присутна и на Мундијалот во Германија.

Инаку, Кузмановски до септември минатата година играше за ракометниот клуб Металург. Сега веќе поранешниот капитен на клубот од Автокоманда договори спогодбен раскин на договорот, со кој Филип беше врзан за клубот до јуни 2019 година, поради неисплата на неколку плати.