Ако сакате да живеете што подолго, се` што треба да направите е да се преселите во Италија.
Оваа медитеранска земја опкружена со пет мориња е означена како најздравата земја на светот според Глобалниот здравствен индекс на Bloomberg од 163 земји. Така, бебињата родени во Италија може да очекуваат дека ќе живеат до осумдесет години.
Иако Италија се наоѓа меѓу најразвиените земји во светот, нејзиниот раст стагнира веќе со децении, речиси 40% од младите се невработени, а земјата има големи долгови.
Но, и покрај тоа, Италијанците се во значително подобра форма од Американците, Канаѓаните или Британците, кои во голем дел страдаат од висок крвен притисок и холестерол, како и од психички проблеми.
Италијанската кујна има голема заслуга за доброто здравје на нацијата. Тука е и медитеранската исхрана, богата со зеленчуки девствено маслиново масло, кое Италијанците го обожуваат.
Италија е позната по своите спортски автомобили како: Ферари, Масерати и Ламборџини. Италијанците нивното кафе го пијат набрзина, во бар, пред да отидат на работа, оставајќи ги масите празни за туристите.
Во Рим се наоѓа единствениот светски музеј во целост посветен на тестенините. Во него се изложени најразлични машини за правење тестенини, како и слики од модерни уметници во кои се прикажуваат тестенини.