В. Д. Медицинската директорка на Онкологија, д-р Виолета Клисаровска на денешната прес-конференција со министерот за здравство Фатмир Меџити и организацискиот директор Хаљид Матоши по повод отворената предистражна постапка на ОЈО, ја извести јавноста дека медицинската сестра од Клиниката за онкологија и радиотерапија, која на 28 февруари годинава беше фатена по вторат како краде лекови добила отказ на 23 мај.
– Претходно имавме сомнежи, имаше допрен глас, беше јавна тајна дека недостасуваат лекови. Откако сум јас директорка, подигнато е нивото на безбедноста на патеката на лекот … Не давам втора шанса никому, без разлика дали е украден скап лек или физиолошки раствор. Зошто медицинската сестра била вратена после првата кражба, треба да одговори претходното раководство. Сестрата беше ангажирана во дневната болница и не беше директно вклучена со растворањето лекови, рече Клисаровска.
За потсетување, поради можниот „криминал“ на Онкологија, денеска во 18 часот пред Владата е закажан граѓански протест.