Која е симболиката на бадниковото гранче?

ИЗВОРНов Лист
|

За Бадник и Божиќ традиционално домот се украсува со бадниково гранче. Овој симбол го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа.

Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да го затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.


Бадниковото гранче уште се нарекува дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност.

Бадниковото гранче е од дабово дрво, кое се смета за најиздржливо и за највековито. За разлика од другите листопадни дрвја на почетокот на есента листовите од дабот ја менуваат боја, но се задржуваат на гранките и во текот на зимата.

Името на бадниковото гранче доаѓа од зборот бдеење, кое било својствено за практиката тоа да гори цела ноќ со што неговите моќи се пренесувале на огништето кое го симболизирало семејството и напредокот.