Темата за загадувањето е повеќе од алармантна, а истата не засега сите без исклучоци! ТВ водителката Александра Илиевска за својата свесност околу оваа тема реши да преземе чекор и да не остане само на муабети, коментари на социјалните мрежи и полемизирање.
Имено, таа се реши да биде одговорна со тоа што се откажа од комфорот на својот автомобил, па за превозно средство низ град избра да користи тротинет.
Во Македонија станува сè потешко да се изборите за чист воздух, а на сите нас ни е се потешко да ги напуштиме автомобилите и повеќе да се користи јавниот превоз или велосипед,тротинет итн…. Која е твојата мерка во борба против загадениот воздух?, прашува водителката во описот на својата фотографија каде позира со своето ново модерно превозно средство. Изговори за тоа дека е студено, па не се вози велосипед или тротинет се излишни, секако за оние кои се во можност и состојба да ги користат.
Тука е и јавниот превоз, а постојат уште начини како да и помогнеме на средината и на самите себе!
Вистина.мк