Засега сумата не се открива но она што е извесно е дека цената на еднократно возење во градските автобуси ќе чини повеќе од 35 денари.
Ова станува јасно од одлуката од есенва повторно во употреба да се вратат хартиените билети во ЈСП.
Цената дефинитивно ќе биде поскапа потврдиле и од ЈСП а сега на потег е Советот на град Скопје кој ќе треба наскоро да ја формира.
Сумата на набавката која вклучува и изработка на апликација за смарт телефони, унапредување на системот за проверка на линиите, ажурирање на системот со дополнителни читачи, обезбедување на безжична комуникациска инфраструктура и е-cloud платформа е проценета на 117.000.000 денари без ДДВ.