Него одамна го правеле нашите баби во текот на летните денови затоа што е навистина освежителен, заситува и брзо се подготвува.
Црешите се многу здрави, а нивната киселост е идеална за топлите летни денови. Доколку и вие сакате после ручек да си се засладите со овој десерт, тогаш обидете се да го подготвите токму овој.
Состојки: – 5 јајца; – 180 грама шеќер; – 130 грама брашно; – 1 ќесичка прашок за печиво; – 400 грама цреши.
Подготовка: Јајцата изматете ги со миксер за да добиете густа пена, а потоа додека матите, додадете го шеќерот.
Брашното помешајте го со прашокот за печиво, потоа додадете го во смесата и рачно мешајте додека не се соединат убаво.
Тестото ставете го во плех за печење кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.
Одгоре распоредете ги црешите (без семки). Печете го колачот во рерна на 180 степени Целзиусови околу 25 минути.
По желба, откако колачот ќе се испече над него посипете шеќер во прав.