Колку чини одмор на најпосетуваните грчки плажи

ИЗВОРСкопје24
|

Цените во Грција оваа година повисоки, па ако планирате одмор, спремете повеќе пари.

Во Олимпискиот регион половина литар домашно грчко пиво чини во просек околу 3,5 евра, а увозните до 4,75 евра.

На Халкидики, лежалките ќе ги добиете бесплатно, но со најмалку еден испиен пијалак, главно кафе кое чини 4 евра или пиво од 3 до 5 евра.

Поскапо место е Неа Мармарис каде кафе ќе ве чини 3 евра, а мало пиво дури 5 евра.

Што се однесува до водата, шишенце од половина литар чини 50 центи, а она од еден литар од 1,5 до 1,7 евра.

Цените во рестораните, исто така, се поскапи за 1,5 евро и споредба со податоците од минатата година, па така за оброк во просечен ресторан ќе платите најмалку 8 евра.