За странците Хрватска не е скапа, но ако стане скапа за домашните туристи тие ќе се свртат кон евтини дестинации.
Колку пари треба да се одвојат за Хрватска во просек, а колку за во Грција, земја каде Хрватите одат?
Слободен кревет во Пула скоро и да нема, и не е ниту чудно што цените се високи.
Полупансион за две лица чини до 200 евра.
Но, во стартот на сезоната таа сума е 70-80 евра.
„Хотелиерите можат да ги билдаат цените, повисоки или пониски“- вели Мануела Краљевиќ од Arena hospitality grup.
Никаде на Јадранот не е евтино. Шест ноќевања во хотел со 3 ѕвезди во Задар чини 4600 куни.
Во Макарска истото чини 4.157 куни, а во Шибеник за една ноќ ќе одвоите 240 евра.
За Хрватите Јадранот е вистински избор, но тие бираат и евтини дестинации надвор од границите.
Шест дена во Истанбул се нудат за 366 евра.
Цените за одмор во Мароко варираат од бројот на ноќевања.
Тунис е од 1500 до 2700 куни за недела.
Грција и Малта се хит и се распродадени.