По Велигден на сите ни останаа многу велигденски јајца во ладилникот, а она што е најважно е да знаеме до кога се јадат, бидејќи не ретко се случува болниците да се наполнат по празниците, поради прејадување и труење, иако оваа година помина мирно.
Свежите јајца во фрижидер можат да стојат четири до пет недели.
Тврдо варените јајца побрзо се расипуваат од свежите бидејќи со варењето се измива заштитната мембрана и преку лушпата можат да влезат бактерии. Така во ладилник стојат најмногу една недела.
Деликатес по Велигден: Не фрлајте јајца, направете супер мезе
Сите правиме повеќе од потребно јајца за Велигден, но наместо да ги фрлите ова е супер рецепт.
СОСТОЈКИ: 5-6 варени јајца туна малку кромид 2-3 кисели краставички 1 лажица мајонез 1 лажица павлака
ПОДГОТОВКА: Се сечат јајцата на пола и се вади жолчката. Се меша во сад жолчката со туна во количина по избор, ситно сечен кромид, краставички и зачини по вкус. Се меша да дојде како паштета, се става на среде на јајцата, се полнат со оваа смеса, а во сад се мешаат мајонез и павлака и се става од таа смеса горе за декорација. Уживајте!