Колку долго траат јајцата по Велигден и како да ги складирате?

|

Кога ќе стивне празничната велигденска еуфорија во која се јадат многу јајца, тие стануваат излишни и стојат со денови без никој да ги погледне. Поради тоа треба да знаете кога е вистинскиот момент за да престанете да ги јадете и да ги фрлите во корпа за отпадоци.

Расипаните јајца може да предизвикаат гадење, дијареа и повраќање, затоа внимавајте. Варените јајца, всушност, имаат пократок рок на траење од свежите јајца, бидејќи при варењето се распаѓа заштитниот слој што ја сочинува лушпата, па јајцата стануваат почувствителни на воздухот и на штетните микроорганизми кои се во него. Ладењето на варените јајца е еден од главните методи за продолжување на нивниот животен век.

Складирање – Еден од најсигурните начини за чување варени јајца е да ги чувате во фрижидер. При ниски температури бактериите се размножуваат побавно и со тоа побавно ја расипуваат храната. Некои дури советуваат веќе 2 часа по готвењето варените јајца да ги ставите во фрижидер.

Исто така, пожелно е да ги чувате во херметички сад или во картонот во кој сте ги купиле. Честото отворање и затворање на вратата од фрижидерот предизвикува нагли температурни промени кои не се погодни за јајцата, па затоа би било подобро да ги чувате на полицата, а не во вратата.

Како резултат на формирањето на водород сулфид за време на готвењето, вашиот фрижидер може да добие специфичен мирис откако ќе ставите варени јајца во него, но тоа не е знак дека јајцата се расипани. Мирисот обично испарува по неколку часа. Не се препорачува замрзнување на јајцата.

Колку долго може да издржи варено јајце?

Ако правилно се чува, ќе издржи многу неповолни услови и до една недела по готвењето, велат експертите од американското Министерство за здравство. Во случај да не можете да се сетите колку долго стојат јајцата, проверете дали на нивните лушпи се формирала кредаста или лигава маса, што укажува на тоа дека јајцето е расипано.

Непријатниот мирис е апсолутен знак дека јајцето е расипано, но нема да го почувствувате ако јајцето не се скрши. Зеленикаво-сивата боја на жолчката е природна и не укажува на расипување.

На првиот знак на расипување, треба да ги фрлите јајцата. Јадењето расипани јајца може да предизвика гадење, дијареа и повраќање.