Регресот за годишен одмор годинава ќе биде во износ од минимални 10.884 денари.
Пресметките се прават според 40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци или 40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци.
Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.
Исплатата на К-15 остана како обврска. Дел од компаниите веќе го исплатија. Некои тоа го направија само за да ја исполнат законската обврска, некои пак за да ги мотивираат вработените. Тие направија трошок, а со тоа инвестираа во работниците. Но, поголемиот дел од компании се соочени со финансиски тешкотии. Тие треба да се договорат со вработените околу исплатата на К-15. Но, нагласувам, битно е тоа да се продискутира со вработените преку синдикалниот претставник или претставник на работниците ако во фирмата нема синдикат, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.
За работодавците кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат големи казни, до 4.000 евра.