Колку јајца може да јадеме дневно: Дали му штети на организмот ако претераме – одговор дава експерт

|

„Заедно со млекото, јајцата содржат највисока биолошка вредност или златен стандард на протеини“, напиша Кетлин М. Зелман, регистрирана диететичарка и директорка за исхрана за WebMD, на нејзината корпоративна веб-страница.

Според неа, едно јајце има само 75 калории, но затоа има 7 грама висококвалитетни протеини, 5 грама масти и 1,6 грама заситени масти, заедно со железо, витамини, минерали и каротеноиди.

И не само тоа, туку, како што наведува Кетлин М. Зелман, јајцата се лесни за конзумирање, добро ги поднесуваат и младите и старите, можеме да ги прилагодиме на секој оброк, а што е многу важно – тие се евтини.

Јајцата се навистина суперхрана, но дали може да јадеме премногу од нив и дали во тој случај ќе му наштетат на нашиот организам?

Иако „Medical News Today“ наведува дека не постои ограничување на бројот на јајца што човек може да ги изеде, 3 до 5 јајца дневно се сметаат за сосема доволни– советува Кетлин М. Зелман.