Колку коњи ќе успеете да изброите? Бројот го открива вашиот карактер

ИЗВОРНов Лист
|

Едно од петте сетила кои ги поседува човекот е и сетилото за вид. Очите не само што се најубавиот дел од луѓето, туку се и едни од виталните делови.

Начинот на којшто ги гледате работите кажува многу за вас. Моќта на забележување го дефинира типот на вашата личност.

Добро погледнете ја сликата и избројте колку коњи забележавте на неа. Со каков карактер се одликувате?

Еден коњ:
Вие сте личност која секогаш ја гледа поголемата слика. Гледате на работите како целина и имате широка визија. Сигурно многупати избрзано носите одлуки и не ги проценувате подлабоко пред да се решите.

Овие квалитети се одлични за менаџмент, бидејќи имате способност брзо да ги пресметате резултатите пред сите други.

Иако имате одлични квалитети, сепак не сте потполно совршени, па затоа не престанувајте да работите на себе. Вие можете да донесете промени, затоа не дозволувајте да имате опуштен пристап кон работите.

Помеѓу 5 и 10 коњи:
Има траги од перфекционизам во вашиот карактер. Вие сте личност која сака да им дава важност на работите кои се вредни, а начинот на кој носите одлуки е рационален и разумен.

Иако сте разумна личност начинот на кој работите е хазардерски, но ова не ви пречи во остварувањето на целите. Сепак немате систематичен начин на работа и тоа знае да создава проблеми.

Секогаш сте во движење, никогаш мирни. Можеби некогаш трчате, а некогаш ползите, но никогаш не запирате.

Можеби ви е тешко да признаете, но понекогаш сте премногу самоуверени во вашите можности. Претерувате со работите без да забележите, но тоа и не е лошо. Вие сте личност која не запира и затоа знаете како да прифатите пораз.

11 или повеќе коњи:
Вие сте перфекционист. Личност со изострен вид која ги забележува работите кои другите не ги гледаат. Имате многу одговорен карактер и не ги пропуштате ниту најситните работи. Ова е причината зошто луѓето сакаат да работат со вас, бидејќи знаат дека нема да ги изневерите.

Сепак да се биде перфекционист си има и свои негативни страни. Честопати сте во ситуација да не знаете дали да продолжите со нешто или повторно да го сработите. Верувате дека сè може да биде направено подобро и затоа не знаете кога да запрете. Никогаш не сте задоволни целосно од резултатите и мислите дека можеби може подобро.

Треба да практикувате јога или медитација, бидејќи најчесто претерувате со размислување за работите. Опуштете се малку и бидете полежерни. Потрудете се да се опкружите со луѓе кои ќе ви кажат кога да престанете со опсесијата за перфекција.