Колку наплаќа Петар Грашо за да ви испее само една песна на свадба

ИЗВОРСкопје24
|

Хрватскиот пејач Петар Грашо нема проблем со тоа да запее на нечија свадба, но сè има цена.

Тој изминатиот викенд со песна ја отвори свадбата на српската пејачка Невена Божиновиќ и црногорскиот пилот Никола Ивановиќ.

За само една песна, Грашо им наплатил на младенците 15.000 евра.

Свадбената веселба подоцна продолжила со Јелена Томашевиќ и „Фрајле“.

Пејачот Грашо никогаш во јавност не зборува за својата заработка и недвижностите, а неговите блиски пријатели знаат дека тој е и добар познавач на угостителството и дека одлично се снаоѓа во кујна.

Грашо наследил ресторан од неговиот татко, а од тој ресторан заработува милиони.

Пејачот во својот ресторан ги вложил сите свои познавања и вештини од кујната, а со тоа стана и лидер во кулинарството во Сплит.

Исто така,пријателите на Петар тврдат дека тој советувал на менито на ресторанот да има проверени рецепти, а тоа уште повеќе му помогнало во развивање на бизнисот.

Пријателите на Грашо тврдат дека тој успешно ја води и својата работа во музичката индустрија, но и дека има туристичка фирма.