Колку пати смеете да употребувате еден ист брич?

ИЗВОРНов лист
|

Дерматолозите велат дека бричот треба да се фрли после пет до седум користења.

Поради тоа што во него се собираат бактерии, особено е штетно ако бричот ви стои блиску до кадата или тушот, а вие со него ја бричите бикини зоната.

Затоа, бричот после користење треба добро да се измие, да се исуши и да се чува на суво место. На прв знак за ’рѓа или намалена острина, бричот треба да се фрли за да се избегнат инфекции кои може да бидат многу штетни.

Мажите би требало своите бричеви да ги менуваат на секои две седмици.