Колку повеќе промили алкохол во крвта толку повисока казна – Законот со многу строги казни

ИЗВОРСкопје24
|

Во последниве месеци сведоци сме дека се постоги и почести се полициските контроли на патиштата и улиците во главниот град и тоа со право откако секојдневно бевме сведоци на голем број сообраќајни несреќи на пијани возачи. Законот не го торелира никој кој има поголемо количество алкохол во крвта од она што е дозволено, а тоа е 0.5 г/кг.

Доколку за време на овие предновогодишни денови или пак за Новогодишната ноќ планирате да е опуштите со некоја чашка повеќе оставете го возилото дома затоа што освен што го тавате животот во прашање, ќе платите и огромни казни доколку ве фати полицијата.

Во зависност од тоа колку промили алкохол има во крвта, возачите добиваат се построги казни во парична противредност, но и негативни поени кои водат до одземање на возачката дозвола во период од три месеци до година.

Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол и тоа со:

Глоба во износ од 225 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 40 негативни бода, на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,51 г/кг. до 1,00 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од три до шест месеци, под услови и начин утврдени со закон.

Глоба во износ од 275 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода, на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,01 г/кг до 1,50 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од шест до девет месеца под услови и начин утврдени со закон.

Глоба во износ од 325 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 55 негативни бода , на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,51 г/кг до 2,00 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од девет до 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.

Глоба во износ од 375 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 60 негативни бода на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 2,01 г/кг и повеќе. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.

Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач , каде што при утврдување на алкохол во организмот одбие да биде алкотестиран со соодветно средство или апарат за мерење на алкохолизираноста (алкомер). Покрај утврденот износ на глобата, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца, под услови и на начин утврдени со закон.