КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ БАЛКАНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Кои работни места се најисплатливи, каде платата е 2.500 евра и колку е минималецот?

|

Од 1 март, се очекува бројот на жители од овој регион за биде многу поголем бидејќи влегуваат во сила новите регулативи што ќе го олеснат заминувањето на квалификувана работна сила.

Граѓаните од Западен Балкан во Германија заработуваат од 1.400 евра до 4.000 евра месечно. За осум часови работа, пет работни дена неделно, нивната минимална плата не може законски да биде помала од 1.400 евра, а за некои занимања што ги практикуваат многу овие граѓани во Германија, плаќаат и до 4.000 евра.

Од 1 март, се очекува бројот на жители од овој регион за биде многу поголем бидејќи влегуваат во сила новите регулативи што ќе го олеснат заминувањето на квалификувана работна сила.

Денес, Балканците обично работат на „тешки“ работни места за кои не е потребна диплома. Повеќето од нив работат како молери, sидари, плочкари, столари, кранисти … Многумина се вработени во услужната индустрија, хотелелиерство, угостителство, но и во здравството и индустријата … Нивните плати се движат од минимумот до околу 2.500 евра.

Од друга страна, високообразованите заработуваат помеѓу 4.000 и 5.000 евра. Оваа група има најмногу лекари и економисти кои морале да ги заверат своите дипломи, но и возачи на кои не им е потребна диплома, но имаат лиценци и сертификати.

Агенциите кои вработуваат во Германија најчесто во огласите бараат градежни работници, возачи, електричари, заварувачи, медицински персонал, плочкари. Се бараат и ѕидари, армирачки, како и месари, помошни работници, како и сите познати медицински струки и услуги за нега на стари лица, но во огласите се повеќе се бараат експерти за информатичка технологија.

Покрај пристојната заработка, во огласите честопати се наведуваат и придобивките што ги нудат работодавците кои се разликуваат според типот на работа. Многу од нив обезбедуваат сместување, дури и се грижат за семејството на работниците, други плаќаат за курс по јазик, некои, најчесто во градежната индустрија, обезбедуваат и храна.

За секоја работа, работодавците бараат од работникот да има лиценца за работа и престој во Германија. Потребното ниво на познавање на јазикот зависи од работното место и описот на работното место, иако во повеќето огласи се бара барем основно познавање на јазикот, при што многу работодавци нудат курсеви за јазици кога ќе започнат да работат.

Се разбира, колку се подобри нивните квалификации и подобри јазичните вештини, толку е полесно да се добие подобра работа.

Честопати, работниците од Балканот во Германија истакнуваат дека не е само платата поради која работат во оваа земја. Почитувањето на осумте часови работа не е исклучок, дури и напротив, секој час прекувремена работа е многу добро платен. На многу работни места, работниците исто така можат да одлучат дали поминатите часови ќе ги остават за „одмор“. Тие си одат дома без стрес, и знаат дека ќе имаат пари да ги поминат летувањето и зимувањето без да планираат една година однапред.

Киријата е најголем трошок

Најголем дел од парите одат за изнајмување стан, затоа што чини од 500 до 1.300 евра месечно, или повеќе од 1.500 евра ако одлучат да изнајмат куќа. Поради ваквите цени, многу луѓе првично изнајмуваат станови со своите колеги, или остануваат на места на кои работодавците им обезбедуваат сместување, а подоцна кога ќе се прилагодат, бараат некои посоодветни услови.

Дури и ако треба да патуваат со километри, најчесто луѓе изнајмуваат станови на периферијата затоа што цените за изнајмување во централниот дел на градот се двојно повисоки. На пример, во близина на Нирнберг, празен стан од 75 метри квадратни, без комунални услуги, чини 500 евра, додека трособен наместен стан во индустриската област Хесен во близина на Франкфурт чини 1.300 евра.

Од март промените во вработувањето

Од 1 март жителите од Западен Балкан ќе можат да добијат работа во Германија под истите услови како и нивните граѓани, за оние занимања кои се обележани како дефицитарни. Новиот закон ќе обезбеди олеснување за вработување на граѓани од Западен Балкан, но од друга страна ќе има ограничувања за одредени генерации кои сакаат да живеат и работат во најсилната европска економија.