Комичарот објави дека го чека осмото дете, па за подарок доби нешто неверојатно (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Режисерот и комичар Ник Кенон (41) неодамна ја сподели радосната вест дека тој и неговата сопруга Бри Теси чекаат дете, кое ќе биде осмо дете на Ник.

Сепак, тоа доведе некои да се нашалат со него. Актерот на подарок доби машина за презервативи, покрај која позираше.

– Изгледа некој штотуку ми испрати подарок за Денот на вљубените порано! Автомат полн со магнуми – напиша Кенон во описот на фотографијата на Инстаграм.

Инаку, комичарот неодамна откри дека неговиот терапевт го советувал да влезе во целибат откако ја споделил веста дека го чека четвртото дете.

Кенон го започнал целибатот откако добил четири деца, со три различни жени за помалку од една година, а со оглед на тоа дека ова му е осмо дете, се чини дека целибатот не му одговарал.