Комиисиите за проценка на штети се на терен, откако градот во неколку општини направи штети на лозовите и овошните насади, житните култури и пластениците.
Пари во буџетот за исплата на земјоделците од елементарни непогоди има порача денеска ресорниот министер, Љупчо Николовски.
Но мал е бројот на земјоделци во Општина Лозово и во останатите земјоделски региони кои ги осигуруваат посевите, од причина што има недоречености во општите правила за осиигурување.
Младен Митев чија компанија е најголема во штипско-карбинскиот регион за одгледување на овошје и има околу 200 хектари вели дека незамисливо е еден современ земјоделец во услови на климатски промени да не ги осигура своите посеви.
Пропустите, високите премии и тешката наплата на штетите на осигирениот род се причина што голем број од земјоделците не ги осигуруваат своите насади.
Министерот, Николовски најави дека за решавање на овој проблем наскоро на Влада ќе се најде и новиот Закон за за задолжително земјоделско осигурување, а ќе се носат и други мерки.
Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето велат дека сега од 11 компании, 4 продаваат земјоделско осигурување.
Во тековната година се склучени само 654 договори за осигурување во земјоделството и сточарството, вредност е близу 119 милиони денари.
Сумата на бруто исплатена штета е 400.000 евра, додека лани таа сума достигнала речиси пет милиони евра.
Викторија Јованова