Комисија за заразни болести: Ако нема карантин за продолжениот викенд, болеста ќе почне неконтролирано да се шири

ИЗВОРСкопје24
|

Комисијата за заразни болести денеска има и втор вонреден состанок, по зголемените бројки на заразени од болеста изминативе неколку дена, а посебно денеска, откако министерот информираше дека има 101 новозаболен ипациенти.

Во комисијата сметаат дека ако за претстојниот продолжен викенд поради празникот Духовден не се вратат рестриктивните мерки во делови од земјата, каде што има многу активни случаи, постои голема опасност болеста да почне неконтролирано да се шири, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

Дополнително, велат извори од комисијата, во одредени делови од земјата, како Лабуништа и околните села, Липково и Тетово многумина од суспектните случаи одбиваат да се тестираат и да ги кажат контактите и не може да се утврди точната бројка на зарболени. За разлика од овие места, во скопските општини ситуацијата со непослушноста на граѓаните е стабилизирана, откако во убедување се вклучија градоначалниците, верските лидери и други влијателни членови на локалните заедници.

„Ако не се вратат рестриктивните мерки, се соочуваме со неконтролирано ширење на болеста во одредени места, кои што сега се нови жаришта, особено во главниот град. Се размислува рестриктивните мерки да бидат предложени само за актуелните жаришта, а тие да не важат за другите места, каде што нема воопшто заразени или има само спорадично. Ќе им се препорача сигурно на граѓаните да не одат масовно на гробишта за претстојниот празник и во никој случај да не раздаваат“, вели извор од комисијата, кој не е овластен да дава официјални изјави.

dangerous coronavirus Covid-19 virus in a laboratory – infection of 2019-nCoV virus. Global pandemic risk due to coronavirus outbreak, Image: 501968400, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Michaela Dusikova / Česká ilustrační fotografie / Profimedia

Во комисијата размислуваат да препорачаат повторно да се ограничи градскиот превоз во ризичните места, како и меѓуградскиот превоз во полошкиот регион. Се размислува и да се ограничи движењето на скопјани со забрана за излез од градот за да не се шири заразата, бидејќи претстои продолжен викенд и се очекува многумина да заминат во други градови и по излетнички места.

Според категоризација на ризикот, Скопје и Тетово се веќе во фаза 4, што значи широкораспространета трансмисија на болеса во заедницата, додека Штип е во фаза 3 со локална трансмисија.