Комисијата предложи да се укине сертификатот за влез во земјава, но не и во угостителските објекти

|

Да се укине задолжителното поседување на сертификат за им*низација или прележаност за влез во земјава, но тие ќе мора да се поседуваат за влез во ресторани и барови, предложи Комисијата за заразни болести.

Оваа мерка не е укината, зашто од Комисијата сметаат дека одеднаш не е добро да се укине сè, туку постепено. Предлогот за влез во земјава без сертификат треба да биде изгласан и на Влада.

Инаку, од денес повеќе не се потребни заштитни маски за влез во затворен простор со исклучок на аптеките, старечките домови, здравствените домови и при користење на јавен превоз.

Исто така се укина и мерката за изолација на контактите на потврден позитивен случај. За нив останува задолжителното носење маска до 7 дена од последниот контакт со заразеното лице при влез во затворен простор.