Комисијата со нови предлози до Владата – за хронично болните и породилното отсуство

|

Хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за влошување на болеста – ова е предлогот на Комисијата за заразни болести кој го достави до Владата на РС Македонија.

комисија

Комисијата предлага за вработените жени кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството да им трае до нова година односно 31.12.2020 година.
И понатаму ќе биде на сила одредбата бремените жени да бидат ослободени од работа.
Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата, информираат од Министерството за здравство.
По однос на прашањето кое директно засега голем број граѓани – што со родителите на деца до 10 години, најавите велат дека ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата.