Комисијата за заразни болести донесе три нови мерки

|

На денешната прес конференција на комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски соопшти дека се укинува задолжителното носење маски за учениците, но не и за наставниците.

– Ги ослободуваме од обврската учениците во основните училишта да носат маски, обврскаат за носење маски останува за наставниците и за техничкиот персонал, кажа д-р Александар Петличковски.

Кој сака, може и понатаму да носи маска, појаснуваат од таму, но повеќе не е задолжителна.

Комисијата за заштита од заразни болести, ја разгледа епиде*илошката состојба од минатата недела и врз основа на бројките и кретирумите за објективизирање на проценката на епидемиолошкиот ризик донесе три мерки.

– Првата мерка се однесува на носење маски во основни училишта, кадешто ги ослободуваме од обврската учениците во основните училишта да носат маски. Обврската за носење маски останува за наставниците и за техничкиот персонал. Втората препорака се однесува на капацитетот на исполнетост на затворени објекти, како опери, театри, кина и други затворени објекти, кадешто досега функционираше рестрикција за максимална исполнетост од 50 отсто, сега одиме на 75 отсто. Третата препорака се однесува на користење сертификати во отворени угостителски објекти, каде препорачување да не се бараат сертификати во отворениот дел од угостителските објекти – рече претседателот на Комисијата д-р александар петличковски, мна денешната редовна прес-конференција.