Комисијата за заразни болести најавува измени во важноста на сертификатите

|

Ова прашање е една од точките на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести каде членовите ќе дискутираат за проширување на важноста на документот – колку за споредба во многу држави тој се признава од најмалку 4 месеци па до 270 дена.

-Покрај повеќето прашања на утрешниот состанок, да и тоа е една од точките на утрешниот состанок. Ќе дискутираме дали може да има измени во времетраењето на сертификатот за прележаност, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ.

Освен за сертификатите, членовите на Комисијата ќе дискутираат и за големата бројка на несакани случаи кај лица кои се целосно имунизирани. Како што објави Сител, врз основа на факти кои ќе треба да ги утврди посебна работна група може да има и мерки за задолжителна имунизација кај лица со коморбидитети.

-Ќе дискутираме за методологијата за пресметување на морталитетот и секако она што го има во дневните извештаи, каква доза примиле тие што завршиле со лош исход, а се имунизирани, колку се со две дози, колку со бустер, колку време поминало од имунизацијата, вели д-р Мехмедовиќ.

На дневен ред е и актуелната епидемиолошка состојба во земјата, а на денешната координација на министерот со надлежние од центрите е констатирано дека слободни места за хоспитализација има.