Комисијата за заразни болести предложи укинување на сите рестриктивни мерки

|

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со боледта, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.

Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од комисијата потсетуваат дека им*низацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со болеста и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.