Комисијата за заразни смета дека бремените жени треба да се вратат на работа

|

Трудниците да одат на работа и оние кои сакаат да примат две дози, затоа што се безбедни и за нив, пресложи Комисијата денес.

Комисијата за заразни болести со предлог до министерот за здравство – да биде укината мерката за ослободување од работни обврски на бремените жени, согласно, како што велат препораките од релевантни институции.

-Препораките во светот се дека може да се им*низираат и дека таа е безбедна за бремените жени и дека е препорачлива и не само затоа што е безбедна за нивното здравје поврзано со работниот процес, туку и генерално со движењето низ популацијата. Препораките што ги кажавме се однесуваат на унапредување на здравјето на бремените жени. Доколку сакаат навистина да го заштитат своето здравје и здравјето на своите деца тогаш најлогичното објаснување е дека треба да бидат им*низирани, изјави др. Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.

Поради подобрување на епиде*иолошката состојба во земјата, Комисијата предлага и укинување на мерката која беше задолжителна на граничните премини за излез од земјата – приложување на сертификат за примени две дози, документ за  прележаност не постар од 45 дена или негативен ПЦР тест.

Овие две препораки за да стапат на сила треба да бидат усвоени на владина седница. За скринингот во училиштата, пак, надлежните  се уште немаат доволна бројка на тестирани за да кажат колкав е процентот на асимптоматски случаи во образовните установи.

-Скринингот во училиштата сè уште не е целосно завршен. Треба да ја имаме онаа бројка која ја ветивме на почеток, репрезентативен примерок од 1800 или 2000 испитаници. Интересот беше голем. Околу 5.000 родители доставија согласност за тестирање на нивните деца. Досега од 800 тестирани осум се позитивни, вели Мехмедовиќ.

Комисијата засега не планира да препорача и укинување на сертификатите за влез во молови и угостителски објекти поради нискиот опфат на им*низација во земјата.