Комисијата за заразни болести заседаваше: Филипче одговори дали се подготвуваат нови мерки

|

Комисијата за заразни болести денеска заседаваше за состојбата со болеста во земјава, особено зашто е регистриран првиот случај на омикрон варијантата кај патник кој се вратил од Велика Британија.

Пациентот според првичните информации се лекува дома и е со лесна клиничка слика. По состанокот на Комисијата, изјава даде и министерот Венко Филипче.

– Во моментов нема знаци на влошување на епиде*иолошката состојба. Сметам дека сите земји треба да научат да живеат со постоечките мерки, секако тука е и им*низацијата. Не се потребни нови мерки, рече минстерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференцијата по посетата на СБГА „Мајка Тереза“, односно Гинекологија  Чаир.