Да се потсетиме на една битна вест од петокот, а тоа е информацијата од министерството за здравство од состанокот Комисијата за заразни болести дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на вирусот.
Комисијата во најновата препорака препорачува да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот.
Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.
Од Министерството посочуваат дека во овој момент, здравствената ситуација е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките.
Сите граѓани да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати.