Комисијата за заразни болести бара укинување на две мерки

|

Комисијата за заразни болести на денешната прес-конференција инфомирашње дека предложи укинување на две мерки до министерот за здравство кои треба да се проследат до Владата.

Едната мерка е да се укине задолжително поседување на потврда за имунизација или негативен ПЦР тест при излез од државата, а другата е да се укине ослободувањето од работа за бремените жени.

„Препораката е бремените жени да се имунизираат и така да го заштитат своето здравје. До сега мерката беше да се ослободат од работа, а препораките од светот е да се имунизираат. Тоа е за унапредување на здравјето на бремените жени“, рече д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

Мехмедовиќ посочи дека граѓаните кои ја напуштаат Македонија ќе треба да имаат негативен ПЦР или потврда за имунизација, само доколку земјата во која ќе влегуваат тоа го бара.