Комисиска расправа: Пропусти во работењето на Онкологија што влијаат на услугите на пациентите

|

Акциски план со пропратно писмо во кое известува дека во најголем дел презема одредени мерки за постапување, пред се, во пропишување на протоколи за начинот на постапување во лекување на пациентите, формирање на стручен колегиум, пропишување на одрени протоколи итн. Прашањето што треба да се отвори е дали требаше Државниот завод за ревизија за изврши ревизија во оваа здравствена установа за да надлежните лица во оваа установа пристапат кон пропишување одредени протоколи за лекување, да ги почитуваат одредбите од Законот за здравствена заштита каде што ќе се ограничи и оневозможи субјективното постапување и каде ќе се обезбеди соодветен и подеднаков третман на сите пациенти, рече Ацевски.

Според пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ревизорскиот извештај е направен професионално. Во него, како што соопшти претседателот на Комисијата за финансирање и буџет и пратеник од оваа партија Бојан Стојановски, може да се направи целосна слика за нефункционалноста на еден систем во една институција за која што сите политички линители без разлика на одговорноста која ја имаат треба посериозно да го разберат. – Игнорирањето на ваквите очигледни случувања констатирани од вашата институција придонесува за тоа да се случуават вакви загрижувачки и несакани сценарија, рече Стојановски.

Тој се осврна на повеќе делови од извштаите, при што за делот на јавните набавки, а повикувајќи се на укажувањето од ревизорот наведе дека „со еден понудувач се создава можност за негативно наддавање“ односно, како што рече, за ситуација – кадија те тужи, кадија те суди.

-Само единствениот понудувач може да ја одреди цената што ќе ја плаќаат граѓаните, односно цените на тие што ќе ги нарача медицинскиот директор за кои во рамки на инсититуцијата нема протокол за следење. Дали тука може да се забележи фаворизирање на операторот?, праша Стојановски.

Тој го цитираше мислењето на ревизорот дека за значењето на прашањата од точка 4.2 според кои „финансиските извештаи не ги прикажуваат вистинито и објективно сите материјални аспекти, финансиската состојба на ЈЗУ Клиника за онкологија на 31 декември 2020 како и резулатите на финансиските активности за годината во согласност со важечката регулатива“.

-Токму поради тоа тука со нас не е присутен јавниот обвинител заради тоа што кога во одреден извештај што е доставен во месец март со индикација на повеќе прекршувања на законот треба веднаш и неодложно да се почне со истрага и досега неколкумина требаше да бидат во притвор заради основниот постулат за одердување на мерката притвор – за да не влијаат на сведоци и да не ги затскриваат трагите. Истрагата беше отворена по допрен глас. Јавниот обвините молчел со месеци имајќи го овој извештај во свои раце, рече Стојановски.

Пратеникот од СДСМ Диме Велковски, пак, рече дека констатирани се слабости во делот на планирањето, реализацијата и контролата во делот на надоместот за набавка на биолошка терапија, а укажа и на посочените проблеми во делот на отсуството на протоколи.

-Тоа значи дека во наредниот период треба да се воспостават критериуми како и на кој начин во делот на тоа стручно да го направат оние луѓе кои ја разбираат оваа работа. Дадени се препораки како да се реагира и тоа се истите препораки што се дадени и во претходните три извештаи, рече Велковски.

Тој меѓу другото забалежа и дека „не може да се кажува дека сите лекари не чинат“, но дека „тој што згрешено намерно или ненамерно со умисла или без умисла треба да има име и презиме“.

Убеден е дека целиот случај ќе се разреши од почеток до крај и оти ќе придонесат во тоа.

-Нема криење, целта е таа, затоа даваме поддршка и на овој Извештај и на Анкетната комисија и на сите оние кои имаат што да кажат. Конечно, дајте да прекинеме, нема наши и ваши во ова, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, нема потреба од таков став и мислам дека сите го делите моето мислење, рече Велковски.

Седницата на Комисијата ќе продолжи по паузата што беше дадена за да се подготви стенографскиот извештај од излагањето на главниот државен ревизор.