Комитата Шиц ја има најдобрата порака на СП (ФОТО)

|

Наместо поддршка, МРТВ2 направи вистински хаос на самиот почеток на Светското првенство. Во преносот од дуелот со Јапонија, нивниот коментатор, името и презимето на големиот борец Стојанче Стоилов ниту еднаш не го изговори, постојано го нарекуваше „играчот со број пет”. Најдобрата порака за овој непрофесионален однос на новинарот ја има Комитата Шиц, кој е во Минхен.

Знаеме дека Шиц е најшиот најголем ракометен фан и тој постојано ги следи нашите репрезентативци каде и да одат, без разлика дали играат за квалификации, европско или светско првенство. Тој пред неполн месец беше дури и на промоцијата на новите ракометни дресови, и прв застана во редот за потпис од своите најголеми идоли.

Од едниот до другиот крај на светот, Шиц насекаде ги следи нашите ракометни херои, а со овој последен гест најголема поддршка му даде на Стојанче Стоилов. Тој на нашето македонско знаме како херој го преслика ликот на Стоилов до кое стои неговиот број 5.

Порака за поддршка Стојанче доби и од неговата пријателка актерката Весна Петрушевска – Бејби која јавно му порача на Столе дека „го сака играчот со број 5“, додавајки дека тој е најдобар ракометен играч.