Навивачката група „Комити“ реагираше на организирањето на Парада на гордоста на овој начин:
‘Парада на Гордоста’ од нашата младост… Да не дозволиме тој не вин слоган биде злoyпотребен и искористен како параван за спроведување на една глобална цpнa агенда за депопyлациja на населението и бpишeњe на идентитетот на еден мал но горд народ, кој се бopи да го сочува тоа што е и треба да биде, сега, секогаш и во вечни векови! Децата треба да растат со мајка и татко, а сите оние кои имаат поинакви афинитети, склоности или амбиции се слободни во својот избор и никој не ги диckpиминира. Никој не ги спречува да продолжат да го прават тоа што ги усреќува и исполнува, но ги замолуваме да не ни го промовираат тоа што ги прави нив среќни како вистинска трајна вредност, затоа што тоа не е ништо помалку од агpecија, гpyбо нacилство и погpeшна едукација за младите генерации кои треба еден ден да бидат носители на Македонската државност. Ве молиме да не ни ја вpeѓате интелигенцијата и да не навлегувате во нашата интимнocт! Ви благодариме однапред. #МажЖенаДетеВардар #ЖенаМажДетеВардар #ДетеМажЖенаВардар #ДетеЖенаМажВардар #СитеМожниКомбинации — in Република Македонија.
Инаку, првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата на ЛГБТ заедницата во земјава ќе се одржи на 29 јуни, информираа вчера од организационот одбор за одржување на овој настан.
Организаторите сметаат дека парадата ќе помине достоинствено и безбедно и дека државата е подготвена и зрела за организарање на ваква парада на која ќе се чуе гласот на различните, која во светски рамки има традиција повеќе од 50 години.
„Ова е протест на кој што ќе бараме афирмација за остварување на наштите права и слободи. Ова е протест на изразување на слободната волја на различните кои бараат еднаков пристап во општеството, но и протест за оддавање почит на луѓето кои биле жр*ви на наси*ство и стигматизирани во општеството поради различна се*суа*на ориентација“, рече Александар Михајлов на денешната прес-конференција во Хелсиншкиот комитет.
Организаторите од Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија, веруваат дека ќе има масовна поддршка и посетеност на првиот настан во земјава со кој се бранат боите на различноста и дека МВР ќе биде на ниво на задачата, парадата да помине без несакани ин*иденти.
„Ние сме во постојан контакт со МВР, ќе има обезбедување на протестот од сите страни каде ќе се движи колоната, одговорност има и кај нас како организатори и порачуваме граѓаните слободно да дојдат да дадат поддршка, дека ќе бидат обезбедени сите од прв до последен“, истакна Кочо Андоновски, член на организациониот одбор.
Организаторите ги повикаа сите граѓани и политичари кои сакаат да дадат поддршка на ЛГБТ заедницата да бидат дел од првата Парада на гордоста во Скопје.