Мајката на Јелена Карлеуша која го напушти овој свет пред неколку денови немала големо богатство на нејзино име. Таа поседувала куќа во која живеела и која ќе биде предмет на тестаментот кој наскоро ќе биде отворен.
Како што тврдат пријателите на Дивна, таа сакала куќата да им ја остави на внуките Атина и Ника за да имаат спомен од бабата, бидејќи била свесна дека Јелена и Душко доволно имаат заработено.
Според сознанија на Пинк.рс, состојбата на Дивна ѝ се влошила во саботата вечерта, кога била повикана и брза помош.
На Дивна ѝ се слоши во саботата и уште тогаш беше јасно што ќе се случи. „Брзата помош брзо реагираше, лекарите успеаја да ја смират ситуациајта, а на Јелена не сакаа да ѝ јават, зашто таа вечер имаше закажан настап во Австрија. Но, утредента околу пладне веќе ѝ немаше спас, брзата помош само ја констатираше ситуацијата“, изјавил извор близок на семејството.
Српските портали исто така објавија дека кога тажната вест го завила во црно домот на пејачката и фудбалерот, ЈК ги испратила ќеркит Ника и Атина кај золвата во Зрењанин.
„Јелена беше многу врзана за мајка си. Тие двете имаа посебен однос, па и Ника и Атина многу време минуваа со баба им. Сакаа да бидат со неа, зашти им угодуваше за сè. И самата таа често велеше дека е најгордата баба зашто има прекрасни внуки. Затоа и Јелена одлучи барем на кратко да ги тргне децата и да ги заштити од траумата. Не сакаше да присустввуаат на потресните сцени, но планира утре да оди и да ги земе“, рекол доброупатен извор од семејството на пејачката.