Крис Рок беше пречекан со аплауз додека во среда вечерта излезе на сцената во Бостон на својот прв настап откако Вил Смит му удри шлаканица на Оскарите. Рок во таа прилика ги праша присутните: „Па каков ви беше викендот“ – пред да им каже дека нема намера да се занимава со инцидентот бидејќи „се уште го обработува тоа што се случило“.
„Немам што да кажам за тоа, па ако дојдовте за тоа… се уште работам на тоа што се случи, па ќе зборувам за тоа во одреден момент“, рече Рок, кој очигледно е прилично вознемирен поради се што се случи.
Рок пред публиката изјави дека кога конечно ќе се справи со инцидентот, „ќе биде сериозен“. Ќе биде смешно, но сега ќе кажам неколку вицови“, нагласи Рок.
Еден маж бил избркан од шоуто откако извикал „Вил Смит“. На ова, Рок малку изнервиран ја прашал публиката: „Дали ова шоу ќе оди вака?
Непосредно пред шоуто, се чинеше дека Смит бил замолен да ги напушти Оскарите во Лос Анџелес откако го удрил Рок, но тој одбил, велат во Академијата.
„Смит беше замолен да ја напушти церемонијата и тој одби, но ние исто така признаваме дека можевме поинаку да се справиме со ситуацијата“, се вели во соопштението.
Гувернерите на Академијата соопштија дека против актерот покренале дисциплинска постапка.
Се вели дека тој ги прекршил правилата против „непримерен физички контакт, навредливо или заканувачки однесување и загрозување на интегритетот на Академијата“.
Актерот може да биде суспендиран или избркан од Академијата следниот пат кога за тоа ќе се разговара на состанок на 18 април.