|
Граничните полицајци кои повеќе дена беа заглавени во полициската станица во с. Танушевци поради наноси од снег и за кои граѓаните стравуваа дека ќе останат без храна и вода, денеска се вратени во Скопје, информираат од МВР.
Движењето им беше оневозможено бидејќи снегот достигнал до 2,5 метри. Поради блокираните локални патишта од снегот, десетмината полициски службеници не можеле да ја извршат смената па затоа останале во објектот на МВР.