Конечно ја покажа ќеркичката: Катарина Ивановска по 6 месеци објави фотографија од Кира

ИЗВОРНов лист
|

Македонскиот модел Катарина Ивановска пред околу половина година се породи и по вторпат се реализира во улогата на мајка. Имено, Катарина и нејзиниот сопруг Цобе станаа родители на нивната ќерка за која го одбраа името Кира.

Иако веднаш по раѓањето, нашата убавица ја изнесе Кира на пошетка и убавиот момент го сподели со фановите сепак не бевме во можност да го видиме нејзиното лице… се досега.

Во срцето на Скопје, Катарина Иванова, држејќи ја во раце својата прекрасна наследничка, објави фотографија на која е сликана на скирол. Дека е грижлива мајка и важна и е безбедноста на својата ќерка говори и фактот што под самата фотографија напиша и објасни дека скиролот е само за фотографирање.

За сега не можеме да кажеме на кого повеќе личи малата Кира, а веруваме дека таа допрва ќе го менува својот изглед, но се надеваме дека од мама ќе го наследи манекенскиот изглед, па во иднина ќе ја радува нашата земја со многу успеси и награди.