Српска пејачка Јелена Карлеуша денес преку социјалните мрежи објави дека по 14 години брак со сопругот Душко Тошиќ се договориле да стават крај на бракот и да се разведат.
По многубројните шпекулации за бракот на српската пејачка Јелена Карлеуша и екс фудбалерот Душко Тошиќ и неколкуте афери кои поминаа низ медиумите, пејачката тврдеше дека нивната љубов е цврста и дека гласините за разводот се неточни.
Иако пред само недела дена ги отфрли потврдите на заедничкиот семеен пријател дека бракот е веќе окончан, сепак Карлеуша денес стави крај на сето тоа и се огласи во врска со својот брак и љубовен живот, прв пат по речиси две години.
Јелена го објави текстот на својот Инстаграм профил, и забрани коментари.
– Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство.
Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. Во овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да молам за разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само фалење и миење на устата со животот, на што сум навикнат… па ајде.
Преживеав се, па ќе го сторам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот беше пренесен на нашите деца, старателството на нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба како и досега. Повеќе нема да се рекламирам на овој начин – напиша Јелена на својот Инстаграм профил.
Екс фудбалерот Душко Тошиќ се уште не се огласил, но се чека неговата реакција.