Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 % во однос на одлуката од 9.05.2022 година.
-Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) се намалуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 12.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 53,848 (денари/килограм).
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,77 %, кај дизелот има намалување за 3,343%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,442% и кај мазутот има намалување за 2,142%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,004%, соопштија од РКЕ.