Дали има човек во Македонија кој нема проблем со закажувањето на преглед на неодамна направениот МојТермин? – Голем број од луѓето се жалат дека по 3-4 месеци не можат да најдат термин за да го направат посакуваниот преглед. Докторите своите термини ги отвараат многу ретко, а и кога ќе се отворат терминот е секундарно зафатен.
Има луѓе кои чекаат за преглед и по 1-2 години. Исто станува збор за апаратите, дали е рентген, или магнетна резонанца, за овие апарати се чека термин и по 6-7 месеци, време кое некои луѓе и не можат да си го дозволат.
Сепак изгледа на маките им дојде крај. Љупчо Наумов од Скопје и Томас Воксеп од Шведска дојдоа до идеја и креираа страна со која ќе имате многу полесен пристап до вашите доктори. Станува збор за страната moidoktori.com каде што треба само да го внесете името и презимето на вашиот доктор каде што сакате да направите преглед и апликацијата сама проверува дали има слободен термин. Ако има слободен термин ви стигнува бесплатен меил. Имено станува збор за сервер кој неуморно работи и на секои 5 минути ги следи термините. Македонско – Шведска конекција која импресионира, зарем не?
Дефинитивно станува збор за одлична апликација која многу ќе помогне во иднина за закажување на термини за прегледи.