После Евровизијата која ја следеа милиони ширум светот се огласи и кралицата на поп музиката. Настапот на овогодишниот Евросонг во Израел на Мадона (60) предизвика бурни реакции и покрена лавина критики на друштвените мрежи.
Горе-долу сите се согласија со истото – настапот од седум минути за кој добила повеќе од милион долари бил под очекувањата.
Додека кралицата на поп музиката ја “напаѓаа“ на социјалните мрежи, таа се огласи ширејќи ја својата порака како што тоа го направи и на финалната вечер на Евовизија во Тел Авив каде што настапи со модерна верзија на нејзиниот хит „Like a prayer“ и новиот сингл „Future“. За сè имаше порака: Музиката ги спојува луѓето.
Мислењата беа поделени. Додека едни ја осудуваа заради кореографијата и повикот на “сатанизам“, други заради константното фалширање, трети заради пластичниот изглед, на некои им пречело што отпеала штотуку објавена песна која никој не ја знае.
Сè на сè, за настапот на Мадона ниту домашните медиуми ниту пак странските не дадоа позитивна оцена.
Во текот на вчерапниот ден, ден после завршувањето на Евровизијата, Мадона со неколку изјави се огласи на Инстаграм, а ова се нејзините пораки:
„Мадам Х има многу лица…“
„Мадам Х не го слуша злото…“
„Мадам Х е борец за слобода. Благодарна сум. За шансата да ја ширам пораката за мир во светот.“
„Невремето не е во воздухот… Во нас е.“
„Не доаѓа секој во Иднината.“
„Животот е мистерија заради која сите ние сме тука, да ја разрешиме.“
Да ве потсетиме дека Мадона неодамна го објави својот нов албум со наслов „Мадам Х“, а всушност Мадам икс е нејзиното алтер его.
После големите очекувања, на 18-ти мај таа настапи на ревијалниот дел на финалето од Евросонг во Тел Авив на кој што победи претставникот на Холандија, Данкан Лоренс со песната „Arcade“, а Мадона за нејзиниот настап добила милион до два милиони долари.