Актерката Џенифер Анистон отвори Инстаграм профил минатата недела и објави фотографии од собирот со актерите од серијата “Пријатели“.
Веднаш после објавата, нејзиниот поранешен сопруг Џастин Теру споделил убави комплименти за неа.
„Горд сум што конечно се придружи на Инстаграм иако се заколна дека тоа никогаш нема да го направи. Мислам дека ова е прекрасно бидејќи конечно светот ќе дознае колку духовита жена е таа“, рекол во интервју за Екстра.
Џенифер и Џастин својата врска ја започнаа во 2011-та година, а се верија една година подоцна. Во 2015-та година направија венчавка. Иако нивниот брак изгледаше како да е добар, никој не знаел што навистина се случувало помеѓу нив. Се разведоа во 2017-та година, но останале во пријателски односи.
Актерката тврдела дека тоа всушност не било вистински брак, бидејќи тој обожувал ноќни излегувања и додворувања со други жени, додека таа го чекала дома.
„Бевме пријатели, не партнери. Беше прашање на време кога сето тоа ќе се сруши. Не можевме да ги усогласиме различните гледишта на бракот, но убаво е да имаш ваква личност во животот“, рекла актерката после разводот.